Поддршка на иницијативи на НВО за развој на локалната заедница преку Центрите за поддршка на НВО во Велес, Прилеп, Штип и Кичево
Контакт
Во периодот од јануари 2004 - декември 2005, како втора фаза на проектот за Институционален развој на македонските невладини организации, ФИООМ го имплементира новиот проект кој ги поддржува иницијативите за локален развој преку Центрите за поддршка на НВО во Велес, Прилеп, Штип и Кичево, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка и ФИООМ.
Проектот има за цел да ја зајакне улогата на НВО како активен чинител во развојот на локалните заедници. Центрите за поддршка на НВО во Велес, Прилеп, Штип и Кичево овозможуваат логистичка поддршка, советувања, консултации, соодветни обуки како и грантови кои се фокусираат на:
(а) воспоставување партнерства помеѓу НВО, НВО и локалната самоуправа, медиумите и бизнис секторот
(б) вклучување на НВО во креирањето јавни политики
&нбсп;Центрите за поддршка овозможуваат сервиси со крајна цел – градење коалиции, вмрежување на локално и национално ниво, лобирање и застапување, поддршка на НВО акции и иницијативи, охрабрување партнерства и подготовка на заеднички стратегии помеѓу НВО, локалните власти и биснис секторот за решавање доминантни заеднички проблеми во заедницата. И понатаму Центрите за поддршка на НВО ќе се фокусираат на институционалното јакнење на НВО како и на нивниот сопствен развој и одржливост.
Прва фаза: 2000 - 2003
Центри за поддршка на НВО во Велес, Прилеп, Штип и Кичево Проект за поддршка на институционалниот развој на невладините организации во Македонија
Проектот за поддршка на институционалниот развој на невладините организации: Центри за поддршка на НВО во Велес, Прилеп, Штип и Кичево е дизајниран да ја зајакне улогата на невладините организации во граѓанското општество како целина надвор од главниот град.
Својата цел Центрите ја остваруваат преку поддржување на организацијата и работењето на НВО во локалните заедници и јакнење на нивните капацитети за соработка со други НВО, со локалните власти, приватниот сектор и медиумите. Центрите за поддршка на НВО - Велес, Прилеп, Штип и Кичево немаат етнички и секторски фокус и е исклучена директната поддршка на политички партии и нивни разграноци.
Активности на Центрите за поддршка на НВО
Проценка и развојни планови:
- проценка на капацитетите на невладините организации;
- дизајнирање и предлагање мерки за спроведување на развојните планови на НВО.
Обука: - во областите од интерес на невладините организации, како:
- проектен и финансиски менаџмент;
- институционален развој на НВО;
- партнерство меѓу НВО, локалната самоуправа и приватниот сектор;
- односи со јавноста;
- курс за англиски јазик во Велес, финансиран од ФИООМ.
Иницијативи: - иницирање активности на НВО за актуелни теми, преку организирање на:
- трибини;
- работилници;
- дебати;
- форуми.
Советувања: - во следниве области:
- подготовка на проекти;
- основање на здруженија на граѓани;
- организациски развој;
- трансфер на позитивни искуства;
- воспоставување релации со другите НВО, приватниот сектор и локалната власт;
- релевантни законски регулативи;
- начини на прибирање средства.
Финансиска поддршка: - на активности на невладини организации, кои се директно насочени кон локалната заедница:
- мали грантови за конкретни интервенции;
- грантови за развојни проекти.
Логистика:
- компјутерски услуги;
- Интернет;
- телефонски и факс услуги;
- фотокопирање;
- стручна литература за НВО и дневен печат;
- информации;
- простор и инфраструктура за активности на НВО:
- состаноци;
- презентации;
- обука.
|